Владата денеска на вонредната седница донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО, стручни лица од нивните земји да помогнат во утврдување на причините за пожарот во Тетово.
„Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово“, се вели во соопштението од Владата.