ВИДЕО- Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа


Работничките права за жал кај нас се уште комплетно не се почитуваат. Борбата за повисоки плати, К-15, право на годишен одмор, како и други и други бенефиции кои треба ги имаат работниците се уште претставуваат мисловна именка во некои компании. Граѓаните се жалат дека некои работи не се поместувата од мртва точка. Најголем дел од правата се почитуваат доколу работодавец е државата.

Само на државно се почитуваат правата, приватно тешко. Приватните се потешки, државните да“, велат двајца млади.

 

Знам многу примери каде што се злоупотребени, во фабрики каде работничките права не се на тоа ниво како што се прикажани на почетокот, работниците се измачени, не се доволно платени според мене, им се ветуваат работи кои потоа не се остварени“, додаде една млада девојка.

 

„Недостасувата добри плати, К-15, одмори кога сака да земи, а не тие кога сакаат да му дадат“, цели еден граѓанин

 

Работничките права, се плашат луѓето да не ги избркаат од работа, си ќутат, сето е…“, го надополнува друга граѓанка.

 

Јас сум пензионер, но додека работев работничките права никој не ги почитува“, вели друга прилепчанка.

 

Дефинитивно не се почитуваат, далеку сме ние од тоа остварување на право на работниците“, истакна друг граѓанин.

 

Како правник можам да кажам дека не, не доволно. Работниците треба повеќе да се трудат, да ги бараат своите права“, наодполни една млада девојка.

Според НВО секторот кој се занимава со оваа проблематика во моментов најголемите прекршувања биле кај оние жени кои се бремени и кај работниците кои не можат да си ги добијат договорите.

Непочитување на правата кои произлегуваат од бременост, раѓање и мајкинство, односно злоупотреба конкретно на договорите на определено време, каде работодавачот кога ќе дознае дека работничката е бремена многу често не и го продолжува договорот по истекот, иако претходно имало пракса години наназад да се продолжува тој договор. Дел од помалите фирми се уште постои пракса на вработените да не им се даваат договори за склучениот работен однос, па така тие не знаат ништо што е предвидено во тој договор, ниту до кога важи тој договор немаат увид и едноставно се остава на волјата на работодавачот понатаму на кој начин ќе ги почитува правата на работникот“, изјави Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.

Работодавачите пак велат дека се почитувата равотничките права кај нас. Потенцирааат дека следувало доста тежок период за економијата кој можел да се преброди само со зњеднички сили и на работниците и на работодавачите.

Ако земиме во предвид дека не чека тежок период, треба и работниците и работодавачите да работат рака под рака, следува тежок период и опстанокот на сите компании ќе биде во прашање. Оваа криза ќе ни покаже колку само заедништвото ќе ги прави пофлексибилни и поотпорни на она што следува во идниот период“, потенцираше Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Според бизнис секторот треба да се даде одерден период за да минималецот достигне до 600 евра, затоа што ако тоа се направи ќе значи отпуштање на дел од вработените, како и затворање на некои помали компании.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира