Доаѓа студен бран, во среда и четврток температури до минус 11 степени


Од УХМР соопштуваат дека до сабота во државава ќе преовладува стабилно и суво време.

Ведрото време, како што велат од УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштат и до минус 11 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира