Рурална Коалиција во партнерство со Фондација за интернет и општество Метаморфозис, започнува со мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Мерењето на отвореноста на сите 81 единица на локална самоуправа ќе се спроведува согласно Индексот на отвореност кој претставува композитен показател што го определува степенот на отвореност на институциите кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.
По завршување на мерењето на отвореноста на единиците на локалните самоуправи, а врз основа на анализираните податоци, ќе се изработи документ за јавни политики кој ќе го искомуницира со локалната самоуправа и јавноста, со цел да помогне во унапредувањето на отвореноста на локалната самоуправа кон граѓаните.
Прочитајте повеќе на следниот линк: https://ruralnakoalicija.mk/…/%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82…/
Оваа активност е дел од проектот „(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“ кој е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Партнери на проектот се Metamorphosis Foundation, Рурална Коалиција и Blink 42-21 / Блинк 42-21