Значително зголемен интерес: Вчера 13 275 граѓани примиле прва доза вакцина


Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

Вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани.

Вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

67% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

63% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира