Снежна покривка до 7 часот изутрина (во см): 88 Попова Шапка, 49 Маврови Анови, 22 Пожаране, 19 Крушево, 7 Гостивар, 5 Тетово, 4 Дебар, Претор.
Врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина (во л/м2): 35 Тетово, Дебар, 34 Крива Паланка, 31 Куманово, 30 Виница, Дојран, 28 Берово, 27 Претор, 26 Скопје-Петровец, Штип, 25 Гевгелија, 23 Битола, 22 Струмица, 21 Крушево, 20 Охрид, 19 Прилеп, 16 Скопје-Зајчев Рид, 13 Демир Капија.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, на планините од снег. Преку денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Како што информираат од УХМР, во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.