Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места


Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле  слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.49 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 % или само 7 слободни работни места.

Во преработувачката индустрија  слободни се 2.482 работни места.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира