Шекеринска: Потполковникот заразен со ковид утрово пристигна од Централноафриканската Република во Скопје

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, преку својот Фејсбук профил информира дека рано утрово од Централноафриканската Република пристигна потполковникот, кој е позитивен на ковид-19, но е во добра општа состојба.

„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација“, напиша Шекеринска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира