Ќе се реконструираат кровната конструкција и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ во Крушево

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на Основни училишта за 2023 година обезбедени се средства во висина од 7.970.833,000 денари за реконструкција на кровна конструкција и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ во Крушево.

„Создаваме услови за учениците кои сега се образуваат, исто така и за идните генерации кои ќе се образуваат во ова училиште.

Голем предизвик, но и одговорност е да се обезбедат современи, ефикасни и безбедни услови за учење. Со реконструкцијата на кровот на училиштето и фискултурната сала ќе се подобрат физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес.

Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија.

Остваруваме уште еден значаен и голем проект и останува посветени на целта за добросостојба на сите жители во општина Крушево.

Изразувам голема благодарност за поддршката што постојано ја добиваме од Владата на РСМ и на тој начин ја негуваме и зајакнуваме врската меѓу централната и локалната власт!

Градиме рамномерно како во градот така и во сите населени места во нашата општина!

Општина Крушево е општина на сите мои сограѓани!“, истакна градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира