Превентивни мерења на очниот притисок во прилепската болница оваа сабота

Во периодот од 12 до 19 март секоја година се одбележува Светската недела за борба против ГЛАУКОМ , што преставува заболување на покачен очен притисок, кое доколку не се лекува може да доведе до неповратно и комплетно губење на видот.

Во рамки на одбележувањето на споменатата недела, Службата за заштита на видот при ЈЗУ Општа болница Прилеп со проширена дејност, секоја година организира превентивни мерења на очниот притисок за популацијата постара од 45 години.

Оваа година мерењата на очен притисок ќе се вршат на ден 15.03.2025 година, во сабота, во просториите на Очната амбуланта во болницата во перидот од 09.00 до 12.00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци