Авто Контрол и РСБСП со едукативна кампања за најмладите – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот започна со реализација на превентивно-едукативната активност „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот.

Активноста е наменета за учениците од прво одделение, со цел уште од најрана возраст да се стекнат со основни знаења и правилни навики за безбедно учество во сообраќајот.

Преку едукативни содржини, децата се запознаваат со правилното преминување на улица, користењето на пешачките премини, почитувањето на сообраќајната сигнализација и важноста на внимателното и одговорно однесување во сообраќајот.

 

 

Како дел од активноста, секое дете доби едукативна брошура од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), која ќе им помогне на најмладите полесно да ги усвојат и запомнат основните правила за безбедно движење во сообраќајот.

Активноста ја поддржува и компанијата Авто Контрол, која се приклучува кон напорите за унапредување на сообраќајната култура и заштита на најмладите.

Преку ваквите превентивни активности се испраќа јасна порака дека едукацијата за сообраќајната безбедност треба да започне уште од најрана возраст, а грижата за децата е заедничка одговорност на институциите, училиштата, родителите и целото општество.

Да ги заштитиме децата во сообраќајот – секое дете заслужува безбедно детство, а секој живот е важен!

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци