KEPT – Прилепски средношколци создадоа вештачка интелигенција што ги „чува“ учениците

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Пред една година, Марко Марковиќ се пријавил на приватна академија. Поминал интервју, бил примен и му кажале дека ќе добие е-пошта со следните чекори. Пораката никогаш не стигнала. Никој не се јавил, никој не прашал. Ученик кој веќе бил примен едноставно се изгубил.

Од тоа искуство се роди Kept, бизнис-идејата на тројца млади: Марко Марковиќ и Виктор Стевананџија, ученици во СОУ „Ѓорче Петров“, и Дамјан Темелкоски ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

Kept е асистент со вештачка интелигенција за приватни академии и школи за програмирање, јазици, дизајн, музика и слично. Кога некој ќе биде примен, Kept се грижи тој навистина да се запише и да остане. Проверува дали пораката стигнала и, ако не стигнала, ја праќа преку друг канал (WhatsApp, Viber, SMS). Одговара на прашања за цени и рати, па дури и му се јавува на ученикот, на неговиот јазик. Во текот на курсот забележува кога некој почнува да изостанува или да доцни со плаќањето и навреме го известува професорот. Работи на македонски, англиски и на секој друг јазик.

„Академиите вложуваат многу за да добијат ученик, а потоа го губат поради една пропуштена порака. Сакаме тоа никогаш повеќе да не се случи“, вели Марко.

Kept сега е меѓу 141-те најдобри идеи на натпреварот „Средношколец милионер“. Само 60 продолжуваат понатаму, а за тоа одлучува и јавното гласање, кое трае до 24 ноември.

За повеќе инфо и за гласање кликнете ТУКА!

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци