Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп безбедно отстрани неексплодирана 75-милиметарска артилериска граната од минатите војни, што била веќе истрелана од топ. Граната е пронајдена при градежни работи за сообраќај и канализација од фирмата „Аква Нет“ во непосредна близина на станица за технички преглед „Супер контрола Прилеп“ и перална „Акса“,од каде што било пријавено нејзиното пронаоѓање.

Гранатата безбедно е транспортирана и сместена во магацин на ДЗС, по што ќе следи плански нејзино уништување со други пронајдени неексплодирани средства(НУС), согласно бeзбедносни процедури.
При пронаоѓање на сомнителни предмети што личат на неексплодирани експлозивни средства, да не се допираат или поместуваат, туку веднаш да се пријават на телефонскиот број 112, апелира ДЗС.