Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје. Засега не се познати причините, а од МВР ја потврдија информацијата за “Макфакс”. Полицијата ги проверува причините за смртта.
Беличанец имаше неполни 46 години, а нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.