ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Со длабока тага и сочувство, храмот Св. Петка ги известува сите верни прилепчани дека во сабота, на 22 март, на празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младите што трагично го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани.
Во овие моменти на неизмерна болка, ја споделуваме тагата со семејствата на починатите и изразуваме најискрено сочувство. Го повикуваме сиот верен народ да се соедини во молитвата, да ги испросиме од Господа милоста и покојот на нивните души.
Истовремено, упатуваме молитви за брзо закрепнување на сите повредени и молиме Бог да им даде сила на ситее семејства да издржат во овие тешки и тажни денови.
Вечен спомен и царство небесно за починатите! Господ да ги укрепи сите погодени од оваа трагедија!
Со молитви, Храм Св. Петка – Прилеп