ВИДЕО- Над 1.200 лица ќе бидат потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Над 1.200 лица ќе бидат потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола. Конзорциумот Бехтел и Енка кој што ја гради оваа делница од Коридорот 10Д денеска во Прилеп одржа саем за вработување каде потенцираше дека им се потребни градежни и сообраќајни инжинери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежѓи работници. Досега за изградба на коридорите 8 и 10Д Бехтел и Енка и имал вработено над 1.800 граѓани.

„Со напредувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола растат и нашите потреби од работна сила. Нашата желба е што поголем број од овие работни места да бидат пополнети со луѓе токму од овој регион. Овој автопат претставува значајна инвестиција во инфраструктурата, но и наследство што ќе биде оставено и потоа треба да биде многу повеќе од самиот пат. Тоа наследство треба да се огледа и во луѓето кои го изградиле, во вештините што ги стекнале и во можностите што проектот ги создал за локалните заедници. Нашата желба е овој автопат да го градиме заедно со луѓето од овој регион, а не само да го изградиме низ нивниот регион. Со нетрпение очекуваме многумина од вас да станат дел од нашиот тим и заедно да го изградиме автопатот, да вложуваме во развојот на нашите луѓе и да создаваме трајно наследство со кое сите ќе се гордееме“, истакна Еш Рао, проектен менаџер на Бехтел и Енка.

Сите заинтересирани за работа од прилепскиот регион ќе може, почнувајќи од 2 декември 2026 година, секоја среда, од 07:00 до 17:00 часот, во “Coworking Space Prilep” (во центарот на Прилеп позади саат кулата), да се информираат за повеќе детали или да пополнат фирмулар за вработување, каде што ќе биде присутен претставник на Бехтел ЕНКА, со кого ќе можете директно да се разговара.

Крајниот рок за изградба на автопатот е 2029 година. Досега била извршена експропријација на над 82% на трасата каде што поминува автопатот.

„За 2027 и за 2028 завршена е експропријацијата и даден им е фронт за работа, останува да се заврши експропријацијата за 2029 година каде што треба да работат и таа ќе биде завршена во текот на 2027 година. Ова е многу сложен проект, иако за среќа е во рамничарски дел, но има многу објекти од аспекти на подвозници, надвозници, мостови, по 10-11 од секој од овие 3 видови. Исто така во моментот се работи на огромна дислокација на електрични водови, телекомуникациски водови, ириганиони системи, за да би можело патот да биде реализиран“, додаде Коце Трајаноски, директор на ЈПДП.

 

„Просечна плата за 2025 година е 137.000 денари, а немаат плата под 60.000 денари, значи зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа сакам да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите околни општини како Могила, Новаци, Росоман, Кривогаштани, Крушево, Ресен, Битола, Д. Хисар, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овде имајќи предвид дека во наредите 3 години ќе има доста интензивни активности“, кажа Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Веќе вработените за изградба на овој автопат истакнаа дека имаат можност да стекнуваат секој ден нови знаења кој што понатаму ќе ги употребат во нивните идни работни искуства.

„Треба да се знае дека проект од ваков обем не го градат само градежни инжинери, тука стојат сите ракувачи на градежни машини, градежни работници и сите останати колеги кои даваат значаен придонес за овој проект. Токму затоа ги охрабрувам сите оние кои бараат работа, или сакаат нови предизвици, без разлика на работното искуство да дојдат и да се запознаат со нашиот тим за човечки ресурси, бидејќи без разлика дали сте на почетокот на вашата кариера, или имате долгогодишно искуство, понекогаш е потреба една добра можност за да го направите следниот чекор“, вели Катерина Здравеска Стојаноска, градежен инжинер.

 

„И покрај моето долгогодишно искуство, овде сеуште учам нешто ново секој ден, работам со колеги од разни земји, разменуваме знаења и искуства, а безбедноста на секој од нас е секогаш на прво место. Она што особено го ценам е тимската работа, поддршката меѓи колегите. Горд сум што како инжинер имам можност да работам на ваков голем проект во мојата земја“, рече Марјан Секулоски, рударски инжинер.

Се очекува в година да бидат пуштени првите 12 км. во 2028 15 км. а останатите во 2029 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци