Околу 50 лица се сомничат за долгогодишни проневери во системот за доделување на туѓа нега и инвалидски пензии во големата полициска акција која од утрово се спроведува во неколку градови низ Македонија.
Акцијата е под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, а ја спроведува МВР.
„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат од ОЈО ГОКК.
Неофицијално меѓу приведените се доктори, членови на комисија во фондот за пензиско, адвокати, вештаци и управител на консултантско биро, а претреси се прават на вкупно 21 локација, од кои 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица. Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица (со мерки ), а останатите 25 ќе бидат приведени на распит со утврдување натамошни мерки.