Амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, нeјзината Екселенција Џианг Сјаојен, денеска ја посети Општина Македонски Брод и оствари средба со градоначалникот Жарко Ристески. Амбасадорката ги посети и основното училиште во овој град како и Домот за култура каде се запозна со нивните активности.
„На средбата разговаравме за предизвиците со кои се соочува Општина Македонски Брод, но и за потенцијалите, можностите и природните ресурси што ги поседува нашата општина, а кои претставуваат значајна основа за нејзиниот понатамошен развој. Посебен акцент ставивме на можностите за инвестиции во заштитата на животната средина, искористувањето на обновливите извори на енергија и развојот на руралниот туризам, како области со голем потенцијал за одржлив економски развој и подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани. Верувам дека ваквите средби претставуваат важна можност за воспоставување соработка, размена на искуства и отворање нови перспективи за развој на Општина Македонски Брод. Продолжуваме посветено да работиме на создавање нови можности и привлекување инвестиции за подобра иднина на нашата општина“, вели градоначалникот Жарко Ристески.










[elementor-template id=”47510″