Секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против ковид со своја донација, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.
„Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни!“, напиша министерката.
Може да се донира со платежна картичка , а сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори. Донираните средства се користат за справување со ковид и тоа: за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со ковид и за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.
Досега на донаторските сметки во Министерство за здравство и во Солидарниот ковид-фонд во Владата донирале над 1.000 граѓани и 130 компании, а донирани се над 200 милиони денари.
