АХВ: Небезбедна серија на сок од јаболко од брендот ХИПП се повлекува од пазарот!

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од пазарот се повлекува небезбедна серија од Органски био сок од јаболко од брендот ХИПП. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ – Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година. Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело“, стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира