„Средношколец Милионер“ е национален натпревар за средношколци, организиран од ИТ колеџот Brainster Next, кој им овозможува на младите да ги претстават своите претприемачки идеи, иновативност и креативност, со можност да добијат вистинска поддршка за нивна реализација. Тимот што ќе победи на натпреварот добива инвестиција од 1.000.000 денари за развој и реализација на својата бизнис-идеја.
„Ние, како тим EcoBloom, учествуваме со нашиот производ – биоразградлив освежувач за воздух со вградено семе. По употребата, производот може слободно да се фрли во природата или да се засади, при што хартијата природно се разградува, а семето прераснува во растение. Од приближно 650 пријавени бизнис идеи ние се пласиравме меѓу 141 најдобра бизнис-идеја од цела Македонија, а преку јавното онлајн гласање треба да се избориме за пласман меѓу 60-те најдобри идеи, кои продолжуваат во следната поточно третата фаза од натпреварот. Секој глас ни значи многу и нè носи чекор поблиску до нашата цел. Да покажеме дека Прилеп верува во своите млади и дека заедно можеме да го направиме нашиот град горд“, велат од EcoBloom тимот од Прилеп.
Линк за гласање кој Ве носи директно до нивната идеја: https://milioner.mk/vote/23dedf51-8f3d-4153-93d6-36c10b8c0e19


