ВИДЕО- Во прилепската болница за прв пат се изведе лапароскопска гинеколошка интервенција

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

За прв пат во прилепската општа болница се направи лапароскопска гинеколошка интервенција. Оваа метода рутински освен на Клиниката во Скопје не се прави никаде во ниту една друга државна установа. Станувало збор за неинвазивна метода за остранување на циста после која пациентката за брзо време може да слободно функционира. Целта е лекарите од Скопје да ги обучат прилепските гинеколози за неколку месеци и сами да прават одреден тип на овие операции. Предноста на овие операции во однос на класичните е огромна.

„Со тоа што трае прво пократко време, второ траумите кои ги предизвикува се помали, денови на хоспитализација се помали, пример ако при класична операција хоспитализацијата пост оперативна е 4-5 дена, оваа е 1 до 2 дена. И самото време на опоравување на пациентката скратено 3 пати во однос на класичната оператива. После неколку дена, најмногу една недела пациентката може да оди и на работа“, истакна Д-р Боривоје Павловски, од Клиниката за гинекологија и акушерство од Скопје.

 

„Да се внесуваат нови методи, исто е и заложба на Владата и на Министерството да има децентрализација на здравството и пациентите да не патуваат во други градови“, изјави Д-р Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

Според лекарите од Скопје прилепската болница ги има сите потребни апарати и инструменти за ваков вид на операции, останува само уште обуката на лекарите. Сега пациентите кои ги покрива оваа болница нема да мора да патуваат до Скопје.

„Ние сме целосно опремени, спремни, имаме договор со докторот така што секоја пациентка која што е со медицинска индикација, гинеколошка, за лапароскопска операција, може да се обрати кај нас и да продолжиме со подготовките и оперативен третман“, додаде Д-р Билјана Кржеска, раководител на одделение за гинекологогија Прилеп.

 Оваа нова метода на гинекологија е само една од низата оперативни зафати кои веќе започнаа да се прават во прилеската болница чија цел е децентрализација на здравствениот систем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци