Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
„Ајде да си зборуваме за растенија“ е насловот на изложбата од уметницата Елена Димоска Николоска, што беше отворена синоќа во Ликовната галерија при ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.
На првата самостојна изложба оваа млада уметница, рече м-р Каролина Мицевска, новинар, се претставува со дела на кои се истражува убавината и упорноста на природата, наспроти човечката летаргичност и занемарување.
„Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината.Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на напуштени места, трансфирмирајќи ги во живописни градини и шуми“, рече Елена Димоска Николоска.
Уметницата има дипломирано на ФЛУ Скопје, каде наскоро треба да магистрира. Има реализирано повеќе групни изложби, а работи како професор по ликовно образование во училиште во Прилеп.
Изложбата е дел од годишната програма на ЦК”Марко Цепенков” поддржана од Министерството за култура и туризам.

\


