Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за значително поскапување на горивата, при што од полноќ бензините ќе бидат поскапи за три денари по литар, а дизелот за шест денари.
Според новиот ценовник, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 90 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 92 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува на 94 денари за литар.
Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се зголемува за седум денари и ќе изнесува 93 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,205 денари по килограм и ќе изнесува 45,373 денари.
Новите цени се формирани откако Владата претходно донесе одлука за намалување на акцизите – за еден денар кај бензините и за два денари кај дизелот.
Од РКЕ појаснуваат дека главната причина за поскапувањето е значителниот раст на цените на нафтените деривати на светските пазари. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините пораснале во просек за 9,003 проценти, дизелот за 14,963 проценти, екстра лесното масло за 13,200 проценти, а мазутот за 10,686 проценти.