Бесплатен оброк за сите првачиња во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче.

Сите 664 првачиња од основните училишта од општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна.

„Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние, и локалната самоуправа и раководителите на образовните институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми