Бесплатен паркинг и попусти за српските туристи, предлог од Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција на туризмот

 

Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, предлага до туристичко угостителскиот сектор и локалната самоуправа поволности за туристите од Република Србија.

Тој на својот фејсбук профил ги повика туристичко-угостителскиот сектор и општините да ги овозможат овие попусти за српските туристи.

„Затоа предлагам до туристичко-угостителскиот сектор и локалната самоуправа за туристите од Република Србија:

Бесплатни влезници за сите музеи;

Бесплатен паркинг во сите градови;

Попуст во сите угостителски објекти;

Попуст во сместувачките капацитети;

Брз трансвер на граничните премини;

Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена“, напиша Јаневски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира