„Благовестие во бои“ – изложба на уметникот Златко Лечковски

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

На 18 декември 2024 од 12.00 ч. во влезното фоаје од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на икони „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски.

Изложбата, на која ќе бидат претставени 20 икони, е дел од прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола 2024“ и ја реализираат Општина Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“

ЗЛАТКО ЛЕЧКОВСКИ, роден 1982, во Битола.

Од најмала возраст се пронаоѓа во ликовната уметност. Како средношколец, две години работи како ученик во ателјето при храмот “Пресвета Богородица“ во Битола, кај еминентните зографи Ристо Димовски и Никола Крнчев, и тогаш за првпат зема учество во групната изложба на икони, во организација на таа иконописна работилница.

Во периодот што следува, се посветува на изработка на икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид, во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион, како и во соседна Грција. Со негови икони учествувал во неколку заеднички изложби, како и 10-тина самостојни, во најразлични градови од нашава земја Негови дела можат да се видат низ земјите од Европа, а значајно е да се спомнат неколкуте икони што ги изработува за бискупот на Англиканската црква Ричард Чартрес и една икона за папата Франциско. Живее и работи во Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира