Бремените жени и лицата над 60 години од утре до следниот четврток се ослободуваат од работни обврски

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Поради топлотниот бран што ја зафати земјава се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 до 17 часот. Исто така, бремените жени и лицата над 60 години од утре до следниот четврток се ослободуваат од работни обврски, одлучи Владата на денешната онлајн седница.

На седницата, како што информира владината прес-служба, е донесена и одлука во детските градинки да не се  изнесуваат децата на отворено во период од 11 до 17 часот.

„Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, се вели во соопштението од Владата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира