Софија не отстапува од ставот дека Гоце Делчев е Бугарин . Вториот човек во бугарското МНР Георг Георгиев во телевизиско интервју повтори дека Бугарија нема да прифати исторскаи интерпретации која би биле против нивниот интерес.
„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин“, изјави замени министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.
И покрај ваквата ригидна позиција , заменикот на Захариева вели дека Бугарија е добронамерна кон својот сосед. Тоа што премиерот Борисов го нарече Пендаровски, северномакедонски претседател за него е ситна работа. Георгиев тврди дека напредокот на Македонија на евроатланстскиот пат е заслуга на бугарската Влада.