Бугарија сака Бугари во македонскиот Устав и да прекине „македонизацијата“

Facebook
Twitter
Email
Print


Бугарскиот претседател Румен Радев побара Македонците со бугарски пасош да бидат пишани како Бугари на неодамна завршениот попис во Македонија, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

„Бугарите заслужуваат да имаат свое место кое ќе биде јасно пишано, потребен ни е и резултатот од пописот кој заврши во Македонија, потребно ни е признавање на историската вистина и ако сето ова е исполнето ќе ни треба гаранција од ЕУ дека ќе го вклучат патоказот во процесот на преговарање. Многу е едноставно. Повеќе од 120.000 граѓани на Република Македонија се и граѓани на Република Бугарија, врз основа на нивнa изрично изразена волја и на претставени објективни документи за потекло. Други десетици илјади го чекаат својот бугарски пасош и очекуваме таа реалност да биде отсликана и при пребројувањето на населението во Република Македонија. Прекин на македонизацијата и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки “, изјави Радев.

Премиерот Заев рече дека Македонија е спремна да разговара за отворените прашања, но не и за македонскиот идентитет.

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен истакна дека дијалогот меѓу Македонија и Бугарија мора да се врати на вистинскиот пат.

„Но, ЕУ исто така треба да направи повеќе. Се покажаа недостатоци во процесот на отворање преговори со Албанија и Република Македонија. Треба да одиме напред во овој процес, да разјасниме. Интензивно се работи од страна на Европската Комисија за клучните прашања, што е и билатерално прашање помеѓу Република Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе го решат овој проблем што е можно поскоро и ќе продолжат напред“, вели претседателката на Европската комисија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира