Вакцинација без закажување, викендов во Врање се вакцинирале 927 македонци

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


За време на викендот, во Србија, поточно во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 македонци, објави РТС. Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.

Дел од нив примиле ревакцина, но имало и такви кои ја примаат првата доза. Во спортската сала во Врање тие имале можност да изберат дали ќе се вакцинираат со „Фајзер“ или со „Синофарм“.

Македонците правото на вакцинација можат да го остварат со пасош или со лична карта.

Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми