Вечер сите заедно да ја дочекаме Новата 2025-та година на плоштадот „Александрија“

Со големо задоволство ве покануваме на дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

На 31 декември 2024 година уживајте во незаборавна музичка програма со:

  • Cyrillic, најпознатото DJ дуо во Македонија, кое ќе го загрее новогодишниот дух со неверојатна енергија и хитови!
  • Балканика Бенд и маестралниот вокал на Сашо Башески, кои ќе го донесат магичниот звук на Балканот директно на нашата сцена!

Детска програма:

За најмалите, забавата започнува уште напладне! На Камената Бина, во 12:00 часот, ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“ – вистинско уживање за децата и нивните семејства!

Дојдете заедно да ја испратиме 2024-та и да ја дочекаме 2025-та со многу музика, радост и убави желби! Локација: Плоштад „Александрија“, Прилеп. Датум и време: 31 декември 2024, 22:00 часот!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира