„Ве молам, од дното на душа, како мајка, не го оставајте сега – немаме повеќе пари“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Малиот Никодим повторно е во болница итно му треба нова интервенција!

Никодим има повторно инфекција во главата. Повторно сме во болница и лекарите ќе мора пак да интервенираат и да му постават нов шант, уште една операција на неговата мала главичка. А ние ги дадовме и последните пари што ги имавме. Не знам ни како да ви го напишам ова… Рацете ми треперат додека ги пишувам овие зборови, пишува неговата мајка.

„Седам до неговиот кревет, го држам за рачето и се молам само да издржи, а внатре во мене се се крши. Тој е толку мал, а веќе поминал низ толку многу. Гледам како спие исцрпен и си мислам колку уште може да поднесе едно дете.

Никодим живее со шантови во главата поради хидроцефалусот, тие тенки цевчиња што ја одведуваат течноста за да не му го притиска мозокот. Без нив не може. Едниот шант се инфицираше. Морав да го гледам моето дете како го носат пак на операција, за да му го извадат. Тогаш си реков, ова е, полошо не може. Се лажев. Инфекцијата се врати. И сега пак ќе мора да му стават нов шант, а јас не знам како повторно ќе го пуштам од моите раце пред вратата на операционата сала. Тие неколку часа чекање се најдолгите во мојот живот.

Ги дадовме и последните пари што ги имавме. Немам ништо. Гледам во моето дете и не знам со што ќе го платиме лекувањето, ни новата операција што не чека. А неговото лекување не смее да запре. Не смее ниту еден ден. Никодим е целиот мој свет. Тој е мојот ангел, причината поради која секое утро станувам. Не можам да замислам живот без неговата насмевка… не можам ни да си дозволам да помислам на тоа.

Ве молам, од дното на мојата душа, како мајка ве молам, не го оставајте сега, кога му е најтешко. Донирајте колку можете, секое евро за нас сега значи се. А ако не можете, споделете ја оваа вест, нека стигне до што повеќе луѓе, и кажете една молитва за мојот Никодим. Ве молам, пред да биде предоцна“, истакнува мајката на Никодим.

За да донирате кликнете ТУКА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци