ВИДЕО – Аџиоска : Граѓаните да ги вакцинираат децата со предшколски вакцини, тие вакцини не трпат одлагање

Во однос на вакцинациите сакам да ве известам дека граѓаните за нив се информираат секојдневно, рече директорката на Здравствен дом Прилеп Оливера Аџиоска.

 

 

„Значи во службата за предшколски вакцини, тековно, согласно одредбата на Министерството, ниту една вакцина која што е поврзана со ден, два или три задоцнување, не смее да биде изоставена и детенцето да не ја прими. Значи во согласност со службата и родителите, доколку детето е здраво, се договара кој ден да дојде и вакцината мора да биде примена.

 

Исклучок од ова се школските вакцини, значи за деца од 6 до 18 години, каде согласно принудниот распуст што сега е во тек, се е одложено, и систематските прегледи, и вакцините кои можат да трпат такви пролонгирања. Значи во службата за предшколски вакцини слободно ги информирам граѓаните, секојдневно можат да дојдат и своите дечиња да ги вакцинираат, затоа што тие се вакцини кои не трпат понатамошно одложувања“, истакна Олиивера Аџиоска, директорка на Здравствен дом Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци