Синоќа во 23:10 часот во село Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при РЦ за ГР Југ го лишиле од слобода К.С.(30) од Скопје.
Од МВР информираат дека, при контрола на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 61 парче минерален камен во различна големина, 59 парчиња македонски рубин, едно парче амазонит, едно парче титаниум оксид, марихуана, 489.720 денари во различни апоени и 10 банкноти по 200 евра.
Лицето е задржано во ОВР Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.