Започна пријавувањето за четиринаесеттото издание на најстарата трејл трка во Македонија Krali Marko Trails, која што ќе се одржи на 7 март 2027. На програмата има се враќа ултра дистанцата од 56 километри, а ќе се одржат и трките на досегашните должини од 39км, 23км и 12км. Исто така се планира и детска трка. Местата за пријавување се ограничени на 350 натпреварувачи, а брзата пријава има промотивната цена и важи сè додека не се распродадат местата за ран период.
Krali Marko Trails е трката што од 2011 година ги води љубителите на планината по патеките околу Прилеп. Трката се одржува во заштитеното подрачје Маркови Кули, споменик на природата од 2006 година и локалитет на привремената листа на УНЕСКО. Огромни карпи и камени столбови обликувани од ветрот, водата и времето, ендемични растенија, остатоци од тврдина и манастири: малку трки можат да понудат ваква уникатна, вонземска сцена за трчање. Затоа организаторите се грижат местото да остане онакво какво што е, со помалку отпад и подарок силиконски чаши за повеќекратна употреба.
Ултра-маратонската дистанца повторно се враќа, Krali Marko Ultra Trail 56K (56,46 км и 3109 м позитивна висинска разлика) е најдолгата и најтешката трка на програмата: километри што не простуваат, искачувања што ги поместуваат личните граници и чувство на целта што не се заборава. За искусните ултра трчачи ова е прилика да се измерат со гранитните падини на Маркови Кули. А за оние што се спремни да се пробаат за прв пат, 7 март е совршена причина да откријат колку далеку можат да стигнат.
„Во 14. издание Krali Marko Trails останува трка со душа, а сега и со нова енергија. Ултрата се враќа, детската трка е на пат, а на стартот се добредојдени и најискусните и оние што за прв пат ќе се пробаат“, вели Дејан Крле, директор на трката.
Четири трки за секое ниво
- Krali Marko Ultra Trail 56K: 56,46 км, 3109 D+
- Kamena Baba Trail 39K: 39,26 км, 2169 D+
- Treskavec Trail 23K: 23,28 км, 1430 D+
- Markukule Trail 12K: 11,73 км, 668 D+
Како да се пријавите
Пријавувањето е на kmt.mk во три чекори (податоци, избор на маица и плаќање) и трае до 28 февруари 2027. Лани трката собра околу 300 трчачи, меѓу нив 50 странци, а зад неа стојат околу 40 волонтери.