ВИДЕО- „Не биди трупец, засади дрвo“, еко акција за пошумување, дијабетичарите со години ги имаат истите проблеми

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

„Не биди трупец, засади дрвo“ – Сина револуција по четврти пат организира акција за пошумување. Акцијата ќе се одржи на 15 ноември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во атарот на манастирот „Св. Димитриј“ во село Селце.

За сите заинтересирани волонтери кои немаат сопствен превоз, организиран е бесплатен превоз до локацијата на акцијата. Поаѓањето е во 09:30 часот пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Во однос на лекувањето на дијабетесот Македонија заостанува не само зад Европските држави туку и зад Балканските држави
Нема достапност на термини, нема континуирано снабдување со инсулин, нема сензори за континуирано мерење на гликемија, има недостапност до современи GLP лекови за тип – 2 дијабетот

Дијабетичарите велат дека се зависи од тендери и цени, а националната стратегија за дијабет не се спроведува, има недефиниран регистар на дијабетичари, не се знае која е точната бројка.

За еко акцијата и сите проблеми на дијабетичарите кај нас во интервјуто со Менде Цветкоски и Диме Велески од здружението Сина Револуција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци