На 09.11.2026 во 20:30 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода В.С.(22) од с.Заполжани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.С., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.
На 10.11.2026 во 02:15 часот на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп, полициски службеници ја лишија од слобода Н.Д.(19) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „форд”со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Д., при што било констатирано дека го управувала без возачка дозвола.
По документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци.