ВИДЕО- Брзата реакција на Шумската полиција од Прилеп спречи ширење на пожар кај Шаторов камен

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

При редовна патрола, екипа на Шумската полиција – Прилеп забележала пожар во месноста Шаторов камен. Без да се чека пожарот да се прошири, шумските полицајци веднаш се упатиле кон местото, ја известиле ТППЕ Прилеп и пристапиле кон гасење на пожарот.

„По пристигнувањето на екипата на ТППЕ Прилеп, заеднички било интервенирано на теренот, при што пожарот бил локализиран и изгаснат. Со брзата и навремена реакција било спречено понатамошно ширење на огнот кон околните ниви и викенд-куќи, со што била спречена можноста за поголема материјална штета. Апелираме до сите граѓани за максимална внимателност! Во услови на зголемен ризик од пожари, не палете оган на отворен простор, не оставајте жар или други извори на палење без надзор и почитувајте ги мерките и забраните за движење и престој во шума. Доколку забележите чад или пожар, веднаш пријавете го и не чекајте пожарот да се прошири. Навременото пријавување може да спречи голема штета и да спаси човечки животи, шума, ниви и имот“, велат од шумската полиција.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци