Денеска се собравме во населеното место Ропотово за да ја искажеме поддршката од Владата на Република Македонија, поддржани и од директорот на Државни патишта, за да кажеме дека патот од Ропотово до населеното место Црнилиште, кој во моментот е 3.5 метра широк, во наредниот период ќе биде проширен на 5 метра широчина. Тие 12 километри поврзуваат 14 неселени места во општина Долнени, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Велјановски.
„Друг регионален пат кој можеме да го спомнеме предвиден за наредната година е патот од населеното место Лажани до населеното место Житоше, во должина од 3.5 километри. Значи дека Владата на РМ заедно со мене како кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ за општина Долнени, тоа што го ветуваме и го исполнуваме. Затоа сме денес тука, и директорот е тука за потврда дека во наредниот период доколку ја добиеме поддршката храбро ќе работиме и општината ќе ја донесеме во еден нормален тек.
Овие патишта што сега ги спомнуваме се регионални патишта, замислете се во 3.5 метра ширина, а ние ќе ги донесеме во ширина од 5 метри. Исто така ќе ги спомнеме и локалните патишта, затоа што локалниот пат Ропотово – Рилево е во катастрофална состојба, земјен и ќе биде асфалтиран. Исто така ќе ги спомнеме и локалните патишта од Бело Поле – Вранче – Средорек кои се предвидени во програмата, но и најгорливото прашање кое сега во моментот е во општина Долнени, а тоа е патот од Дупјачани за Дреновци, каде граѓаните имаат најголеми проблеми.
Затоа сме тука собрани, да ја побараме довербата од граѓаните и да кажеме дека храбро ќе работиме“, додаде Велјановски.