ВИДЕО- Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во прилепско Штавица започна најголемиот спелеолошки камп за oваа година во регионот. Учествуваат над 150 учесници од 15 држави, чија цел е истражување на 6 пештери и пропасти во Прилеп и Мариво, развојот на овој спорт, како и усовршување и размена на искуства околу техниките за спасување, кои се дел од клучните активности на спелеолозите кај нас.

Кај нас од прилика имаме истражено околу 40%, се надеваме дека овој камп е голема можност за сите спелеолози кои се тука во Македонија, а и регионално да можат да ја запознаат нашата околина, да истражуваме заедно и да придонесеме за развој на авантуристичкиот туризам, развој на спелеологијата и секако да допридонесеме за оние недопрени нешта кои се наоѓаат во подземниот свет. Скоро во сите пештери има некои канали во кои никогаш немаме влезено и се надеваме дека некои од тимовите кои ќе учествуваат ќе допридонесат и ќе отворат некои нови канали“, вели Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

 

Ова е одлична можност за споделување на знаење, да учиме од другите, да се споделат искуства и да се донесе заедно се што е подземја и да се претстави пред светот. На овој начин можеби можеме да го зголемиме туризмот и ова е одлична можност за регионот, бидејќи е фантастичен“, рече Ема Марчу, претседател на Балаканска спелеолошка унија.

Учесниците на кампот очекуваат дека ќе имаат можност што е можно подобро да се запознаат со нашиот подземен свет.

Јас сум млад истражувач на пештери, обожавам да истражувам и среќен сум што ќе имам можност да ги истражувам пештерите во околината на Прилеп. Имам големи очекувања и мило ми е што сум тука“, кажа Алекс Кристија, учесник на кампот од Романија.

 

Истражувам пештери веќе 4 години, сега сме на Балканот, во многу земји, на експедиција сме од март, веќе 6 месеци, во сите балкански земји истражувајќи пештери и кањони“, додаде Милер Кабаљеро, учесник на кампот од Шпанија.

Ова е и одлична можност за туристичка промоција на Прилеп и неговата околина.

Иако во помала група, сепак привлекуваат луѓе кои за прв пат доаѓаат овде и се надевам преку нивната порака која ќе ја однесат во матичните земји и во земјите каде дополнително ќе организираат вакви кампови дека ќе го пофалат Прилеп и неговата околина. Секоја година очекувам се повеќе и повеќе туристи од овој тип“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Кампот беше свечено отворен со традиционални македонски игри и песни, а ќе трае 4 дена односно до 20 септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци