Во архехеолошката поставка во Заводот и музеј Прилеп се одржа изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“, а таа е резултат на 10 годишните истражувања и соработка меѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата на локалитетот Врбјанска Чука кој потекнува од праисторијата, поточно неолиетот и е стар околу 8.000 години. Беа презентирани околу 120 предмети мкои низ годините биле пронајдени на локалитетот. Инаку за прв пат оваа тумба е истражувана во 80-тите години на минатиот век од страна на Благоја Китаноски, кога и беше пронајден еден од најуникатните артефакти на Балканот, а тоа е овој жртвеник. Но според некои нови истражувања тој служел можеби пред се како култен, амбар отколку како место за пренесување на жртви кон Боговите.
„Имавме навистина плодна деценија, применивме нови методи, мултидисцилинарна археологија, со бројни стручњаци од Македонија и странство, внесовме нови пристапи кои ни овозможија да разбереме како била организирана населбата просторно, како биле распоредени куќите, дека населбата била заобиколена со ров, каков бил видот на исхрана, што јадел луѓето пред 8.000 години. Всушност тие тогаш внеле и нови ритуали, нови видови на верувања, нова економска пракса, така што целиот тој концепт на доместификација на животни и растенија е многу убаво да се види како започнал во Пелагонија пред 8.00 години и како се развивал во една импозантна средина која во времето била една од врвните на Балканот и пошироко. Ако споредиме дека Пелагонија, а особено Врбјанска Чука во тоа време биле како што е денеска Норвешка за остатокот на Европа, е толку многу бил развиен овој регион тогаш. Материјална култура, импресивни садови, прекрасни модели на садови, прекрасни структури на куќи, буле посебна заедница која вреди да се презентира и оваа изложба ги сумира сите тие резултати“, изјави Гоце Наумов, раководител на истражувањата, Центар за праисторија.
Овие тумби во Пелагонија практично биле и првите населби кои применувале организирано земјоделско производство во Европа, каде доминирала пченицата, јачменот, грашакот и други зрнести култури. Употребата на новите методи и техники, странските експерти кои беа чести гости на овој локалитет од цела Европа и Македонија придонесоа за создавање на една поинаква претства за тоа како живеел неолитскиот човек пред 8.000 години.
„Кои не доведуваат поблиску до неолитскиот свет и луѓето во тоа време кои биле навистина интелегентни, креативни и одлични занаетчии, добри математичари, со оглед на тоа што прецизно го организирале својот простор, а особено материјалната култура и некои од садовите кои се презентирани го посведочуваат тој вид на геометрија која ја употребувале тие луѓе“, додаде Наумов.
Идејата е во иднина целиот овој комплекс да се уреди туристички откако целосно ќе се доистражи, да се конзервира и заштити и да им се претстави на туристите кои би го посетувале овој крај. Локалитетот е несекојдневен и уникатен и би привлекол доста посетители.
„Имаме уште неколку слоеви да откриеме од најраната населба и кога целата таа сонда 30 на 20 метри ќе ја истражиме тогаш ќе решиме дали ќе ја прошируваме или не. Треба да се истражи и ровот кој ја опкружува населбата, така што има уште мнофу работа и продолжуваме со истиот ентузијазам и елан и верба дека локалитетот ќе ни открие и нови тајни од тоа време“, рече Наумов.
Истражувањата на овој локалитет продолжуваат и идната година.