ВИДЕО- Галеријата на Никола Мартиноски во Крушево – најубавата и најдобро уредена галерија во Македонија

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Галеријата на Никола Мартиноски во Крушево е пуштена во употреба 1968 година. Во нејзиното уредување учествува и самиот Мартиноски кој тука донирал 62 дела. Таа е една од најдобро уредените галериии во Македонија. Тука се наоѓаат врвните дела на маестралниот Никола Мартиноски кого го нарекуваат уште и „Македонскиот Модиљани“.

Неговиот творечки распон е прикажан од 1928, од кога потекнува неговото најстаро или прво дело насловено како „Глава на жена“, па се до 1968 година. Неговиот „Автопортрет“, „Македонската Мона Лиза“, „Илинден“, „Крушевските обичаи“… се само дел од неповторливите дела кои може да се погледнат тука.

Поради дел од своите дела каде преовладуваат еротски елементи, како голи женски тела, тој лежи и во затвор, во периодот веднаш после Втората светска војна. Недостасуваат слики од неговите 5 последни години на живот што од Галеријата се надеваат дека во иднина ќе добијат и некое од тие дела.

Галеријата е сместена во куќа стара 200 години која била откупена од Општина Крушево од сопственикот Јанку Таше. Кај куќата не е ништо сменето, архитектонски како надворешно, така и внатрешно задржан е објектот во својата првична форма. Интересно е што скалилата помеѓу катовите се прават од две страни.

Имаме можност да погледнеме и како изгледала една класична крушевска дневна соба пред повеќе од 100 години. На јужниот дел од куќата секогаш се правеле прозорците и чардаците, а на северниот огништата во собите. Галеријата на нашиот великан Никола Мартиноски е еден од најпосетуваните музеи не само во Крушево туку и во целата наша држава

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира