Сојузот на тутунарски здруженија најавува рекордно производство на тутун за оваа година кое би тежело 31.500.575 милиони килограми на тутун. За годинешната реколта биле склучени 35.227 договори, за површина од над 15.000 хектари под тутун.
„Интересот е зголемен поради тоа што оваа култура во земјоделието е најдоходовна и се се работи зартади приходот. Подобро платена култура во моментов од тутунот нема. Така што сите тутунопроизводители ги зголемуваат површините врз основа на зголемените цени на тутунот“, исткна Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.
Дел од тутунарите признаваат дека дури и двојно ќе ги зголемат површините за оваа година под тутун.
„Лани имавме 40 декари, годинава мислиме да зголемиме на 80 декари. Го зголемивме затоа што имавме најголем ќар од него, затоа го зголемивме“, изјави Миле Трајкоски, тутунопроизводител од село Мало Коњари.
Во однос не цените очекуваат да биде подобра година за разлика од лани. Велат дека ќе бидат задоволни со 600 денари заедно со субвециите за килограм тутун.
„Сметаме дека ќе биде добра година, да биде тутунот 500 денари, со субвенции 600 до 620 денари би било супер за нас. Тоа ни е исплатливо за нас. Ако е така догодина можи ќе ги зголемиме пак количините“, додаде Трајкоски.
„Постојано сме во контакт со откупувачите така што на секој состанок го повторуваме истото барање за зголемување на цените. Очекуваме тоа да се случи пред почетокот на откупот со анекс на договорите да се корегираат цените. Ако не се случи тоа тогаш ќе сметаме дека тутунот ќе се се откупува целиот само во една класа како и досега“, истакна Ристески.
Тутунарите наскоро ја очекуваат и исплатата на субвенциите за предадената реколта на тутун.