ВИДЕО- Годинава 42 милиони евра за мерките од АВРМ, лани над 15.000 невработени лица ги искористиле овие пари

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Историски највисокиот Оперативен план за претходната година во висина од 40 милиони евра даде одлични резултати и голем степен на реализација од над 90%, потенцираша заменик министерот за економија Марјан Ристески.

 

Со овој Оперативен план беа опфатени минатата година вкупно над 15.000 невработени лица, од кои над 60% млади невработени лица до 29 години, кои ги користеле овие мерки. Најпопуларни мерки од минатиот Оперативен план беа мерките за самовработување, помош за раст во постоечките производни капацитети, мерката практикантство, зелената агенда односно зелената економија мерки поврзани со вработувања преку зелена економија итн. Овој оперативен план ќе има одредени промени, се она што било помалку продуктивно како мерка или ќе биде сменето со нова поатрактивна мерка, или дел од средствата ќе бидат префрлени во поатрактивните мерки. Овој Оперативен план ќе биде историски највисок, 42 милиони евра и не како ланската, оваа година ќе биде многу побрзо достапен до интересот на сите невработени граѓани во Македонија, односно ќе биде достапен од месец март“, рече Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми