ВИДЕО- Годишен концерт на КУД „7 Септември“ од М. Брод – 2025

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Погледнете го целиот годишен концерт од КУД „7 СЕПТЕМВРИ“ од М. Брод кој се одржа вчера по повод патрониот празник на ова Културно уметничко друштво. Друштвото брои 80-тина членови поделени во различни групи и категории, а во состав на културно уметничкото друштво функционира и оркестар.

Членовите на КУД „7 Септември“ се претставија како со народни ора повеќе карактеристични за Поречкиот крај, така и со народни песни. А интересно беше што освен песните и ората се претставија и неколку народни обичаи. Радува фактот што Македонски Брод е регион каде огромен дел од младите ја почитуваат македонската народна песна, фолклор и традиција.

Инаку КУД „7 Септември“ постои од 1981 година, а ова е датумот кога М. Брод се ослободил од фашистичкиот окупатор.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми