ВИДЕО- Годишен концерт на Октетот Прилеп – 31 година чувар македонската староградска музика, забавните шлагери и културен бренд на Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Октетот Прилеп годинава одбележува 31 година постоење, 31 година, зачувување на македонската староградска музика и забавните шлагери од македонската ризница, 31 година културен бренд и амбасадор на Прилеп. Составен е во далечната 1994 година, а иницијатори за негово создавање се Слободан Костоски Пеакот и Кирил Талески.

Прво работеле со името Пријатели, значи Октет Пријатели, а покасно го менуваат името во Октет Прилеп. Ентузијасти, љубители на убавата народна, староградска песна пред се и ден денес успеавме да го одржиме октетот да фунцкионира, со големи маки и откажувања, но сепак еве постоиме до денес“, рече

Октетот го одржа својот традиционален годишен концерт. Истиот функционира под капата на Центарот за култура „Марко Цепенков“. После долго време добил и поддршка од Министерството за култура и Општината за да може и да се реализира овој концерт. Подолг период немаат издадено носач на звук.

„Во понов состав Октетот нема издадено носачи на звук, цеде или касета. Порано имале снимено 3 или 4 цедиња со преработка на стари песни, а исто така и новокомпонирани песни специјално за Октетот, значи и текст и музика компонирани песни за Октетот. Учесници со тие песни биле на фестивалите „Серенада фест“ во Битола, во Кавадарци, а и ден денеска ние сме учесници на бројни фестивали во републикава почнувајќи од „Под Кулите“ во Струмица, традиционално секоја година се одржува, потоа „Петровденски веселби“ во Валандово, „Илинденски денови“ во Битола, „Саноќ седам“ во Радовиш, многу убава манифестација, потоа во Штип „Свети Никола“, „Охридски трубадури“ во Охрид. Значи редовни сме учесници на тие фестивали и со успех настапуваме“, кажа

Досега низ составот на Октетот за овие 3 децении поминале 20-тина мина, но велат дека денес тешко некој од младите сака да биде член да ги пее староградските песни.

За жал од младата популација нема некој посебен интерес да се зачленат во Октетот и да продолжи неговото постоење. Нема некој интерес и тоа е за жал така. Сме пуштиле и реклама за аудиција, информации секаде сме давале дека Октетот има интерес да зачленува нови членови, но за жал нема интерес од младата популација.

Надежта никогаш не престанува, доказ се и овие концерти кои ги правите и целиот ваш ентузијазам. Дали во иднина би подготвиле некаков носач на звук?

Секако, во план ни е, но треба да имаме доволно средства за да го направиме нештото, да го снимиме. Сепак тоа чини средства, но се надеваме дека во најскоро време ќе го имаме и тоа“, додаде

Публиката вистински уживаше во концертот кој голем дел од нив ги врати во младоста, ги потсети на првите љубови, на забавите и дружбите низ прилепските меани и серенадите по сокаците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми