ВИДЕО- Греењето на дрва во Прилеп се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Поради иселувањето, но и поради промената на навиката за затоплување на домовите кај дел од граѓаните, секоја година бројот на побарувачка за огревно дрво во прилепско се намалува за околу 10-тина проценти. Од Црн Бор Прилеп очекуваат оваа тенденција да продолжи и во годините кои следуваат.

„Причините се најмногу определбата на граѓаните да наместо дрва користат друг реагенс за затоплување, најчесто нели тоа се клими, пелети, топлотни пумпи итн., некако дрвото на помладите генерации им е погараметно, не сакаат и избегнуваат сечење, цепење, валкање и тие работи. Нормално и намалувањето на луѓето во градот, иселувањето си го прави своето, делува во секој сектор, па така и во секторот шумарство“, истакна Пецо Јовески, раководител на прилепската подружница „Црн Бор“ на ЈП Национални шуми.

Од друга страна пак граѓаните во Прилеп деновиве од страна на Центарот за климатски промени се едуцираа како може сега и сами да произведувата енергија. Пример со влог од 3.000 евра може да станат и производители на струја од 3KW која потоа ќе јаупотребуваат за своите потреби, меѓу кои спаѓа и затоплувањето на домовите, но вишокот да го продаваат. Освен соларната централа на покривите за тоа мора да наместат и двонасочно броило. Најинтересни се новите законски измени каде енергијата произведена во лето може да ја трошите во зима.

 

Ако цената на електричната енергија чини 10 денари, ЕВН за вашиот произведен киловат час ќе ви даде 9 денари, за 10% е пониско. Идејата не е да ве стимулира да вие произведувате и вишоците ги враќате, туку да си ги користите за сопствена потреба. Има уште еден модел, што во Законот за обновливи извори на енергија што се донесе сега, тоа е како енергетска банка. Што значи енергетска банка, дека за секој киловат час што вие ќе го произведете во лето и што ќе го предадете во мрежата, да може после ЕВН да ви го врати назад, односно да нема размена на пари, туку да има размена на енергија. Значи во банка ви ги чуваат и во зима кога сонцето не ви произведува доволно електрична енергија, да си ги користите киловат часовите, да ви ги враќаат назад“, кажа Филип Стојаноски, Центар за климатски промени.

За да се зголеми пак бројот на граѓани кои призведуваат електрична енергија како за свои потреби така и за продажба, потребни биле државни субвенции кои ќе го стимулираат овој чекор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци