ВИДЕО – Досега во Прилеп поделени 9.500 бесплатни заштитни маски

Се прават напори да ги задоволиме сите побарувања на заштитни маски што ги делиме во овој момент, затоа што поделбата на заштитните маски што ги прават општествено одговорните компании се делат преку општината. Рече денеска градоначаникот на Прилеп, Иилија Јованоски.

 

 

„До овој момент имаме поделено околу 9.500 маски, а да кажам дека на располагање сеуште имаме неколку илјади маски, што во континуитет и перманентно се задоволуваат потребите на сите институции. Како што кажав денеска по втор пат се поделени заштитните маски на матичните лекари и стоматолози, по сите јавни комунални претпријатија и сите оние институции и субјекти кои имаат побарано од нас, им имаме излезено во пресрет“, кажа Јованоски.

 

Јованоски рече дека до овој момент излегле само неколку компании со донации за социјално ранливите категории по повикот за оваа намена на Општина Прилеп. Сите тие биле упатени до Црвениот Крст на Прилеп, каде што ќе се делат тие пакети.

 

„Во овој момент морам да ја спомнам нашата заложба што ја дадовме према стопанските субјекти, т.е. према Стопанската комора на општина Прилеп, каде што и Стопанската комора ни излезе во пресрет да ги надополни средствата што треба да се платат, одредените компании кои ќе донираат, т.е. кои ќе дадат средства за дезинфекција, не само во општината, не само во јавните претпријатија, туку и секаде каде што има потреба во субјектите во нашиот град“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци