ВИДЕО- Дрвокрадството во прилепско се намалува, Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Според последните податоци и ситуацијата на терен дрвокрадството во прилепско се намалува. Од шумската полиција велат дека тоа било резултат од акциите кои тие ги преземале, особено во изминативе 2 години.

Минатата година имаше околу 260 прекршочни и кривични пријави, одземени се 420 метри кубни огревни дрва, даб и бука мешано, 5 товарни возила, 26 патнички,  71 шпедитер, 23 самари, 17 моторни пили. Оваа година дрвокрадството е во опаѓање, досега имаме околу 190 пријави, а одземени се околу 60 шпедитери и 13 патнички и моторни возила“, изјави Рубин Мирчески, командир на Шумска полиција Прилеп.

 Од шумската полиција признаваат дека дрвокрадството се уште го има, не е искоренето, но за тоа придонесувал премалиот број на шумски полицајци во Прилеп, само 13 на број, а би требало да се барем двојно повеќе, и кои имаат само едно возило, а ја покриваат најголемата територија по површина во Македонија, во три општини Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Мариово. Исто така судот носел катастрофални пресуди со враќање на одземените возила назад и казнување со само 150 евра, наместо предвидените 3 до 4 евра казна ва дрвокрадство.

Ги одземаме возилата и по судски постапки повторно им се враќаат на сторителите. Дел од нив повторно одат во бесправен превоз. Судот се повикува на некоја пресуда од Европски суд за човекови права за несразмерна вредност на товарот со вредноста на возилото. Во членот 104 глобата е од 3.500 до 4.000 евра за бесправен превоз и бесправна сеча, а судовите моментално ги казнуваат од 150 до 250 евра прекршителите“, кажа

И од подружницата на Македонски шуми, Црн Бор во Прилеп велат дека бесправната сеча е драстично намалена.

Знаете како, луѓето веќе стекнуваат добра практика да дрвата кои ќе бидат купени мора да бидат со документ. Ако го нема тој документ, шумската полиција има случаеви да одзема дрва и од домот. Тоа луѓето го знаат“, истакна

Покрај пожарите, дрвокрадството е втората најголема причина за уништување на белите дробови на Прилеп, за чие сузбивање е потребна поголема акција на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци